Прочуениот сексолог, Трејси Кокс обелодени една голема вистина, имено најголем број од работите кои се однесуваат на состаноци, забава, секс и „мување“ а за кои луѓето веруваат дека се смислени, немаат врска со мозокот.Еден од тие митови кои длабоко се вовлечени под кожа е мешање на работата и задоволството. Наводно, станува збор за смртоносна комбинација која може да го загрози вашиот професионален, но и приватен живот. Трејси Кокс одлучи да застане на пат на погрешните тврдења и да ги убеди луѓето во спротивното.

Дури две третини од двојките се запознале верувале или не, на работа. Факт е дека на работа поминуваме многу време во текот на денот, што со себе повлекува осум часа посветеност на исти луѓе.

А кога со некој човек поминувате толку време, нашиот мозок испушта хормони поради кои се создава желба со таа личност да бидете заедно. И тоа не е лошо, бидејќи според зборовите на Трејси двојките кои се занимаваат со исти или слични работи имаат поголемо разбирање за обврските и проблемите на партнерот.

Затоа немојте да се воздржувате доколку негувате некои чувства или сексуална привлечност кон колега.Покажете му што чувствува и реализирајте го она што секојдневно ви се мота по глава без грижа на совест. Уживајте, опуштете се и заборавете на се.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 06:29