По утрото денот се познава, па затоа започнете го со секс. По утринскиот секс ќе ве заплисне нов бран на енергија. Стручњаците пресметаа дека нивото на енергија наутро се зголемува, двојно по утринското водење на љубов.

Љубовта се чувствува во воздух

Психолозите тврдат дека и двајцата ќе се чуствувате како да лебдите на седмо небо во текот на целиот ден, бидејќи љубовта се чувствува во воздухот. Со самото тоа ќе бидете поуспешни во решавањето на секојдневните пречки на работата.

Придонесува за подобро здравје

Утринскиот секс го намалува ризикот од срцев или мозочниот удар и ја подобрува циркулацијата, а со тоа го намалува притисокот. Покрај тоа, ги ублажува нападите на мигрена и ги намалува болките.

Ќе сјаете во лицето

Верувајте лицето ќе ви сјае, па дури и косата, и сите ќе знаат што сте правеле. Утринскиот секс е најдобра козметика.

Мозокот работи како часовник

По утринската гимнастика во кревет, мозокот ќе ви работи како часовник.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 06:29