Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ изминатата вечер стана третиот странец со најмногу настапи за Реал Мадрид, објави клубот основан пред 122 години.
Модриќ беше дел од победата од 1-0 на гости кај Реал Сосиедад со која Реал е на чекор до освојување на шпанската титула.
За 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација тоа беше негов 527. натпревар за „Кралскиот клуб“, со што се израмни на вечната листа со легендарниот бразилски играч Роберто Карлос.
Пред нив се само Бразилецот Марсело со 546 настапи и Французинот Карим Бензема со 648 натпревари