Изложбата „Пиктограми“ со дела на двете ликовни уметници Светлана Попова и Марија Штерјова беше отворена синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Уметниците пред прилепската публика се претставија со 33 дела. Лајтмотивот на изложбата е симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, да се прочитаат и почувствуваат како и универзалноста на математички совршениот бескраен универзум.
Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија со различни димензии и јаки контрасти на бои.