Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.
Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.
Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.
Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон