Сексот на брзина е како пица – брз, добар, сите го сакаат и секако би требало барем еднаш да го пробате. Тоа е соврешн начин повторно да ја распламтите старата страст во долга врска, како и малку да се забавувате. Но, на таквиот секс не му е местото во спалната соба. За да биде возбудлив и забавен, пробајте секс на брзина на некое или на секое од овие места.
Кујна
Ако мислевте дека кујнските пултови се смислени само за сецкање и готвење сте се излажале. Кујната е како создадена за секс на брзина, пред појадок на пример.
Бања
Тргнавте на туширање? Одлично, повикајте го и саканиот да ви се придружи. За атмосферата да биде навистина жешка, оставете го тушот неколку минути вклучен за да се направи парea.
Канцеларија
Ваша или негова, не е важно. Но, ако го посетите во неговата канцеларија бидете сигурно дека ќе му го остварите сонот што го има од кога почнал да работи.
Автомобил
Следниот пат кога ќе го погреши патот и се изнервира едноставно кажете му да застане покрај патот и направете кратка пауза. Потоа сигурно нема да се нервира.
Во домот на родителите
Кога одите во посета на родителите, фрлете се во вистинска авантура. Ова е многу возбудливо, бидејќи ќе мора да бидете многу брзи и тивки за да не ве „фатат“ родителите.
ВЦ во кафуле/хотел
Повикајте го на пијачка во кафуле или во лоби од хотел, а потоа, наместо да изнајмите соба, едноставно влезете во ВЦ, заклучете се и бидете брзи. Ова е подобро во хотел, бидејќи нема луѓе во тоалет и почисто е.
Во природа
Било каде во природа. Ако некаде патувате, на планина или на море, немојте да пропуштите прилика да уживате во природата на овој начин. Но, морате да бидете брзи, сепак сте на јавно место.
ВЦ во авион
Стариот добар тоалет во авион. Можеби е клише, но има причина, зошто е тоа така. Најдобро почекајте до средината на летот, кога мнозинството патници дремат, а тогаш „фрлете“ се во акција. Секако, многу брзо