Кој е вашиот начин за борба против стресот? Некои од него се ослободуваат јадејќи, некои пијат или вежбаат, а на многумина најдобро им помага сексот. Проблемот е тоа што стресот често може да ја „убие“ желбата за секс. Не го дозволувајте тоа.

Изгледа дека стресот различно се одразува кај мажите и жените. Антрополозите веруваат дека жените со стресот се справуваат грижејќи се за други. Пример за тоа наоѓаат во фактот што мажите во раните денови на човештвото оделе во лов, додека жените останувале дома со децата. Кога би дошла опасноста, жените не се бореле, туку се обидувала да ги заштитат децата и се поврзуваат со останатите жени во племето.

Денес мажите соочени со стрес сакаат да побегнат од ситуацијата и бегаат во својата омилена играчка или алкохол. Многу мажи се ослободуваат од стресот со некоја физичка активност или со секс.

Жените, од друга страна, сакаат да се опуштат во друштво на семејството или да се видат со пријателките и долго да разговараат. Или едноставно читајќи трачеви во медиумие. Сексот е вообичаено последна работа која жените ја имаат на ум, особено ако се физички и емотивно исцрпени.

Овие три начини ќе ви помогнат да не дозволите стресот да го уништи вашиот сексуален живот.

Не го чекајте крајот на денот

Не чекајте да дојде крајот на денот за да имате секс – најдете некое друо погодно време за сексуално задоволство. Наместо да чекате до 11 навечер, кога се исцрпени и сакате само да спиете, обидете се со утрински секс или секс под туш пред да тргнете на работа.

Бидете физички интимни во текот на денот

Не го отпишувајте сексуалното задоволство. Ова не значи дека треба да имае секс и кога не сте расположени за него. Но, значи дека треба да бидете отворени за секс и да се бакнувате и мажите и на други начини да бидете физички интимни во текот на денот. Дури и ако тоа не доведе до секс, ќе ја одржува вашата поврзаноста и ќе бидете подготвени за секс кога ќе дојде до него.

Живејте здраво

Грижете се за своето здравје. Лесно е да се свртиме кон храната или нешто други кога сме под многу стрес, но така само уште повеќе ќе ја убиеме својата желба за секс. Наместо тоа, намалете го стресот на проверени начини – вежбајте, јадете здраво и ставете го здравјте на прво место. Сексот ќе дојде природно.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2024 05:47