Во чест на 15-те загинати работници на своето работно место во текот на 2023 година, а со цел подигнување на свеста за ова прашање, денеска симболично засадивме 15 садници во рамки на новиот парк во Аеродром, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.
Тој посочи дека оваа иницијативата е на Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија која се реализира со поддршка на општината.
- Општина Аеродром како партнер во оваа иницијатива ќе вложи напори за хортикултурно уредување на овој простор. Паралелно реализираме и набавка на сертифицирана опрема, изработена според потребните стандарди, преземаме конкретни мерки за подигнување на безбедноста при работа, на лицата кои се вработени во општината и комуналното претпријатие, рече Муцунски.