На 27.04.2024 во 17.50 часот во СВР Битола, С.Т.(42) од Битола пријавил дека додека извршувал земјоделски работи во с.Долно Агларци, Општина Новаци, пронашол артилериска граната кал.75 мм од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2024 05:52