Тренерот на Феникс санс, Френк Вогел, изрази уверување дека ќе ја задржи својата позиција и покрај тоа што е елиминиран во првото коло од плејофот во НБА.
Санс загубија од Минесота со 0-4 во серијата.
- Сигурен сум во тоа. Имам целосна поддршка од сопственикот Мет Ишбија, изјави Вогел по натпреварот број 4 одигран ноќеска.
Инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, објави дека Вогел се соочува со отпуштање по елиминацијата уште во првото коло на плејофот.