Со помош на куче откривач на дрога, во камион што пристигнал од Италија на грчкото пристаниште Игуменица, крајбрежната служба на Грција открила речиси 210 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, кучето Влад ја открило дрогата спакувана во 193 најлонски кеси со вкупна тежина од 209 килограми и 820 грама.
Возачот, 60-годишен грчки државјани бил уапсен и ќе биде изведен пред јавен обвинител.
Камионот со траект, на Игуменица пристигнал од Италија.