По уште една разочарувачка сезона за Л.А. Лејкерс, кои беа елиминирани на стартот од плеј-офот со вчерашниот пораз од Денвер, на прес-конференцијата се постави прашањето дали НБА ѕвездата, Леброн Џејмс (39) заврши со Лејкерси.

Точно, Лејкерси го освоија НБА купот и пружија жесток отпор на Нагетс, што е поткрепено со фактот што во текот на сите пет натпревари од серијата имаа предност во повеќе од 70 проценти од времето, но поразот во првото коло од плеј-офот сепак е разочарувачки резултат, и покрај тоа што пристигна од актуелните шампиони.

По тој повод, Леброн по натпреварот беше запрашан дали го одигра последниот меч за Лејкерси, но ветеранот во НБА не сакаше да зборува за тоа.

-Го ценам вашето прашање, но одбивам да одговорам, категорично рече Џејмс и продолжи: „Само сакам да се вратам дома кај моето семејство. Искрено, едно од моите момчиња се обидува да одлучи дали да влезе во Драфтот или да се врати на училиште. Уште едно дете игра кошарка во моментов, мојата сопруга прави многу одлични работи“.

Инаку, според неофицијални информации, Леброн Џејмс планира да игра кошарка уште две години, а до 29 јуни треба да се изјасни дали ќе ја искористи опцијата да остане во Лејкерси уште една сезона, во која би заработи 51 милион долари, или ќе бара друг клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 05:29