Ралф Рангник е најверојатниот нов тренер на Баерн Минхен, каде по завршувањето на оваа сезона ќе го наследи Томас Тухел.
На „Алијанц Арена“ дури одлучија кога точно сакаат да потпишат договор со искусниот стручњак. Ова треба да се случи по првиот натпревар против Реал Мадрид од полуфиналето во Лигата на шампионите, кој е денеска, 30 април.
Назначувањето на Рангник има целосна поддршка од целокупното раководство на Баварците, предводено од Ули Хонес и Карл-Хајнц Румениге.
Договорот на Рангник се очекува да биде до 2027 година.