Шефот на француската дипломатија Стефан Сежурне, кој денеска престојува во Израел, на својот домаќин, премиер Бенјамин Нетанјаху, му пренел дека офанзивата на ИДФ врз градот Рафа, во јужниот дел на Газа, е лоша идеја и нема да придонесе за борбата на оваа земја против Хамас, за британските медиуми изјави француски дипломатски извор.

-Тоа е лоша идеја. Има преголема неизвесност за хуманитарните прашања, рекол Сежурне.

Во Рафа во моментов живеат 1,45 милиони луѓе, кои се соочуваат со недостиг на вода, храна и лекови, како и со секојдневни израелски воздушни напади.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 05:53