Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Дарвин Хам наскоро ќе добие отказ, објавија американските медиуми.

Разделбата со главниот тренер доаѓа по елиминацијата во првото коло од плејофот по поразот од НБА шампионот Денвер Нагетс со 1:4. Лејкерси водеа на полувремето во сите пет натпревари, но така и не можеа да најдат одговор за бекот на Денвер, Џамал ​​Мареј, кој постигна победнички кошеви за Денвер доцна во натпреварот бр.2 и натпреварот бр.5 од серијата.

Хам (50) беше жестоко критикуван од навивачите на тимот во текот на целата сезона, иако минатата година го предводеше Лос Анџелес до финалето на Западната конференција, во кое Денвер повторно излезе како победник.

Во вкупно две сезони, Дарвин Хам има 90 победи и 74 порази како главен тренер на Лејкерси. На крајот на минатата година, пак, во медиумите се појави информација дека меѓу него и ѕвездите на „езерџиите“ - особено Леброн Џејмс, има сериозни несогласувања околу тактиката на поединечни натпревари.

По третиот натпревар од серијата со Денвер, центарот Ентони Дејвис изјави дека тимот „не знаел што прави ниту офанзивно ниту дефанзивно“.

-Тоа беа две пеколни тренерски години на таа клупа. Две страшни години, навистина, изјави Хам по поразот од Денвер.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 06:03