Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 38 минути го погоди подрачјето на градот Слуњ во централна Хрватска, соопшти Сеизмолошката служба.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ и на длабочина од 10 километри.

Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V-VI нивоа од ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Граѓаните од подрачјето во близина на епицентарот велат дека се се тресело.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска. Земјотресот е почувствуван и во Загреб.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот е почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 17:46