Панатинаикос по поразот од Макаби (83:85) синоќа во третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот во Евролигата, поднесе две жалби.
Според BasketNews, грчкиот клуб смета дека откако Матијас Лесор го одбрани ударот на Лоренцо Браун на 13 секунди до крајот, поседот на топката требаше да му припадне на Пао. Сепак, судиите се одлучија за потфрлање по кое топката ја освои Џош Нибо. Следуваше прекршок над Браун, кој ги претвори двете слободни фрлања з апобеда на израелскиот тим.
Панатинаикос е незадоволен и што му ја одземаа топката на Нибо на 55 секунди пред крајот на последната четвртата тврдејќи дека излегол надвор од теренот по еден офанзивен скок.
По три натпревари, Макаби води со 2:1 во серијата прв до три победи