Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги пофали своите играчи по победата од 2:0 над Рома во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа меѓу двата тима.

Тој смета дека овој резултат е добар и неговиот тим ќе си оди дома среќен во Германија.

Од друга страна, сепак, вели дека треба да се остане претпазлив, бидејќи има уште 90 минути во кои се може да се случи.

-Направивме добри контра напади кога тие се отворија и имавме повеќе простори. Посветеноста и дисциплината што ги покажавме беа фантастични. Но, имаме уште еден натпревар за играње. Ја користевме оваа шема и претходно бидејќи имаме играчи кои можат да дејствуваат на различни позиции. Што правиме зависи од натпреварот и од противникот. Сè беше прилично јасно денес. Навистина настапивме на високо ниво. Можевме да постигнеме повеќе голови, но вистината е дека и тие можеа да постигнат гол. Резултатот можеше да биде поинаков, па јас сум среќен. Не ми беше тешко да ги мотивирам играчите, изјави Алонсо по мечот.

Она што го прави Баер Леверкузен во текот на сезоната, вели, е неверојатно.

-Имаме одлични играчи кои се многу фокусирани. Најтешко е да се задржи конзистентноста. Не сакаме да застанеме, сакаме да продолжиме вака до крајот на сезоната, додаде Шпанецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2024 09:09