Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, беше доста разочаран од поразот од Олимпијакос со 4:2 во првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига,а тој призна дека неговиот тим не се претставил на потребното ниво.

Сепак, стручњакот останува оптимист дека неговите играчи можат да направат пресврт во реваншот, иако повеќе не се фаворити.

-Сега тие се фаворити и ќе мора да се подготвиме на најдобар начин за реваншот. Овој резултат целосно ја менува нашата подготовка за Атина кога заостануваме два гола. Но, сега имаме шанса да покажеме подобро лице, подобро да го контролираме натпреварот отколку денес, можеби ќе успееме да си ја вратиме самодовербата, смета Емери.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2024 09:10