Возбудувањата во битката за титулата шампион на Англија го достигнаа својот врв. До крајот на првенството нема уште многу да се игра, а ситуацијата е таква што новиот шампион ќе го решаваат Арсенал и Манчестер Сити, Ливерпул е во втор план и во прошталната сезона на Јирген Клоп му остануваат само теоретски шанси .

Лондонскиот клуб немаше лесен натпревар на „Емирати“ против Бурнемаут, но избраниците на Микел Артета успеаја да прокнижат нови три бода и сега имаат четири повеќе од „граѓаните“, а актуелниот шампион има два меча помалку.

Арсенал победи со 2:0 (1:0) во 36. коло од Премиер лигата и се што му преостанува е да чекаат „кикс“ на големиот ривал во преостанатите четири натпревари кои Сити треба да ги одигра до крајот на сезоната. Со, секако, напомена дека „топчиите“ имаат обврска да го победат Јунајтед во Манчестер во следното коло, како и Евертон во последното коло во Лондон.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2024 22:52