Членовите на групата „Фер Плеј“, која брои 34 екипи, побараа четвртата квота за англиските клубови во Лигата на шампионите да биде резервирана за победникот на ФА Купот.
Барањето е потпишано како од членовите на Фер Плеј, така и од тимовите кои лично протестираа до министерката за култура и спорт, Луси Фрејзер против отстранувањето на повторувањата на турнирот.
-ФА купот е симбол на фудбалската пирамида, долгата историја и традиции на нашата игра. Не можеме да си дозволиме да продолжиме да го девалвираме овој турнир. Првиот чекор е лесен - да му го дадеме четвртото место во Лигата на шампионите на победникот, изјави извршниот директор на „Фер Плеј“ Ниал Купер.
Во овогодинешното финале ќе се сретнат Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Шампионите се сигурни учесници на турнирот на есен, а „црвените ѓаволи“ не можат да стигнат до четвртото место на шампионатот.