Мајами веројатно беше разочаран од НБА тимот кој беше елиминиран на стартот од плеј-офот, но затоа уживаат во фудбалскиот тим и вештините на Лионел Меси. Интер ја задржа лидерската позиција во Источната конференција и по 12. коло декласирајќи го Њујорк Ред Бул со 6:2 во дербито, со гол и пет асистенции на Меси и „хет-трик“ на Луис Суарез.

Водството на гостите од Њујорк на полувремето (Ванциер 30), го инспирираше Лео Меси да испише историја на МЛС. На Рохас му „сервираше“ два гола (48, 62), во меѓувреме донесе предност (50), а потоа трипати му испрати асистенција на Луис Суарез (69, 75, 81). Тој стана првиот играч во сезоната со 10 постигнати голови и прв играч во историјата на оваа лига со пет асистенции на еден натпревар.

Голот на Емил Форсберг во седмата минута од судиското надополнување ни малку не го расипа славјето.

Откако се опорави Меси, Интер е незапирлив, води на Истокот по 12 меча со 24 бода, Синсинати има три помалку и меч помалку. Торонто е трет со 19, а Њујорк останува четврти со 17 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 01:43