Топло ладно - така може да се окарактеризира сезоната на Барселона без трофеј. Поразот од Жирона не само што ја официјализираше 36-та титула на Реал Мадрид, туку и го означи падот на Каталонците на третото место.
Колку што навивачите беа задоволни од останувањето на Чави Ернандез на клупата и следната сезона, толку беа разочарани од играта против Жирона, која уште еднаш на теренот потврди дека игра подобро од градскиот ривал. И дека заслужено е повторно прва зад Реал.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бесен по поразот, е снимен како им вели на колегите: „Вака не може...“.
А, не може од повеќе причини, бидејќи доколку Барселона не заврши како вицешампион, нема да игра во шпанскиот Суперкуп, а со тоа ќе загуби најмалку осум милиони евра што ги носи учеството во Саудиска Арабија и потенцијално до двојно повеќе со спонзорски и промо активности.
-Поразот од Џирона нема да ги промени плановите што ги имаме. Ќе останам тренер на Барселона и следната сезона, изјави тренерот Чави Ернандез по мечот со Жирона.
Ова не е доведено во прашање, велат шпанските медиуми, бидејќи Лапорта не би го погазил својот збор, но Барселона не личеше на тим кој може да се натпреварува на највисоко ниво и да освојува трофеи.
Во исто време, финансиската структура не е стабилна, Лапорта прави разни „гимнастики“ за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ја обезбеди лиценцата од Примера Ла Лига.