Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 02:09