Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопштија од клубот.

Тој заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3:1.

Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра во среда на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши 2:2



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 02:21