Спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел изјави дека би сакал англискиот фудбалер Џејдон Санчо и во следната сезона да настапува за клубот од Дортмунд.
Санчо (24) во јануари годинава пристигна во Борусија како позајмен од Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а за клубот од Дортмунд одигра 17 натпревари и постигна три гола.
-Ќе се обидеме да го задржиме Санчо тука. И челниците на Манчестер Јунајтед забележаа дека Џејдон игра добро. Можеби ќе сакаат да го продадат на крајот од сезоната или да го вратат во клубот... Ќе видиме, изјави Кел за Велт.
Санчо играше за Борусија од 2017 до 2021 година, а потоа замина во Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра.
Поради конфликт со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, тој беше исфрлен од првиот тим на „црвените ѓаволи“, а потоа беше испратен во Борусија на позајмица до крајот на сезоната.
Англискиот фудбалер има договор со Манчестер Јунајтед до 30 јуни 2026 година.