Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако денеска на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизи.

Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Жоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута. Стрелци за Спарта беа Метињо во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.

ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку. Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови. До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.

Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2024 04:41