Новиот првак во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид ќе го прими шампионскиот трофеј зад затворени врати.

Клубот од Мадрид предвреме си ја обезбеди титулата освојувајќи 87 бода по 34 кола во Ла Лига.

Претходно се дозна дека Реал Мадрид побарал доделувањето на наградата да не се одржува на стадионот на Гранада против која ќе игра на 11 мај во дуел од 35. коло.

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) одлучи да му го додели трофејот на Реал во базата на клубот в недела. Ќе го достави претседателот на организацијата, Педро Роча.

Реал се согласи на ваков чин, а потоа планира да организира свечени настани.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 04:48