Англискиот гигант Манчестер јунајтед веќе со години е сенка на клубот со славно минато, но оваа сезона екипата предводена од Ерик тен Хаг дополнително соборува негативни рекорди.

Јунајтед досега прими 81 гол со што на две кола до крајот на сезоната веќе го израмни негативниот рекорд од сезоната 1976.77..

Паралелно со ова, Манчестер јунајтед прв пат во својата премиерлигашка историја запиша 13 порази во една сезона.

Јунјатед својата резултатски најлоша сезона во последните десет години ја имаше под водство на Дејвид Мојс во 2014 година. Во таа сезона неговите фудбалери успеаја да освојат 64 бодови, колку што тимот на Тен Хаг, во моментов осмопласиран на табелата, не може ниту теоретски да собере до крајот на оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 04:54