Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска на средбата со шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре истакна дека полноправното членство во Европската унија е стратешки приоритет на новата Влада на Србија, нагласувајќи дека Србија ги почитува европските вредности и сака да придонесе за заедничкиот просперитет и мир во Европа.

Шефот на српската дипломатија објасни и дека надворешната политика на Србија ќе се заснова на државните и националните интереси, но дека ќе биде и политика на подавање рака и соработка со пријателите и партнерите во светот, соопшти МНР на Србија.

Намерата на Србија, според Ѓуриќ, е со обновена енергија да пристапи кон соработката со ЕУ и да работи на промена на перцепцијата за Србија во многу земји-членки.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 05:08