Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „За нас“ по повод меѓународната недела на сестринството, која секоја година се одбележува во периодот од 5ти до 12ти мај, денеска донираше оброк за социјално загрозените и бездомните лица во реонот на град Скопје.
Имено, во соработка со хуманитарната организација „Св.Спас“ и отецот Оливер Петровски, утрово во црквата Св.Петар и Павле (Горно Лисиче) во црковно-народната кујна, медицинските сестри од здружението „ЗА НАС“ донираа намирници со кои подготвиа над 200 оброци. Оброците подоцна беа разнесени низ пунктовите во црквите: „Св. Спас“ (Драчево), „Св. Николај Чудотворец“ (Аеродром), „Св. Архангел Михаил“ (Автокоманда), Св. Јован Крстител (Бутел) и „Св. Петар и Павле“ (Ѓорче Петров).
Намирниците се донирани од членарините на здружението „ЗА НАС“, а оброците беа подготвени лично од медицинските сестри.
„Ова е уштен еден момент каде сакаме да ја истакнеме хуманата страна на нашата професија, особено во еден ваков период кога се во тек големите велигденски празници и празнувањето на светскиот ден на медицинската сестра. Нека биде ова пример и поттик за секој поединец или поголема организација, кои се во можност да придонесат кон градењето на поголема општествена одговорност.“ – истакна сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.
Потсетуваме дека голема традиционална свечена прослава по повод Меѓународната недела на сестринската професија ќе се одржи на 10ти мај 2024 година со почеток од 12 часот во Дом на АРМ, Скопје. Големиот хепенинг ќе започне со хуманитарен базар за донации, а ќе продолжи со официјалната свечена академија, каде во присуство на голем број соработници и естрадни уметници ќе бидат доделени признанија за најхуманите медицински сестри.