Приврзаниците на крилото на Сали Бериша од Демократската партија и Партијата на слободата на Илир Мета, денеска го одржаа шестиот по ред протест пред општина Тирана, на кој не изостана фрлањето колотови колтели и други предмети врз објектот и обиди за насилно влегување во него.
Освен барањето за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, по апсењето на неколку директори на општината поради вмешамост во корупција, учениците во протестот, меѓу кои и неговата ќерка Аргита Малтези, за првпат побараа ослободување на Бериша од куќен притвор.
-Со повикот за ослободување на Сали Бериша уште еднаш јасно ја открија целта на нивниот протест, кој денеска траеше два часа, јавија медиумите.
Инаку, од фрлените молотови коктели пламенот избувнал на двата влеза во зградата а еден полициски службеник бил онесвестен од насилен удар на учесник во протестот