Вкупно 165 болни и немоќни лица гласаа денеска во Неготино, од вкупно 175 пријавени за втор круг претседателски и парламентарните избори, информираше вечерва Елизабета Камчева, претседателка на кавадаречката општинска изборна комисија.

- Гласаа 71 маж и 94 жени, 11 лица не гласале. Имаше пријавено едно лице кое гласаше во куќен притвор за втор круг претседателски и парламентарните избори, појасни Камчева.

Согласно законот, овие лица гласаа денеска, ден пред изборите што ќе се одржат во текот на утрешниот ден.

Во Демир Капија, 66 лица беа пријавени за гласање во текот на денешниот ден, информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 05:12