Шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција соопшти дека од половина од обработените гласови, коалицијата „Европски фронт“ води со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

- Од 50 отсто преброени гласови, според прелиминарните резултати, разликата меѓу Европскиот фронт и опозицијата е над 30 илјади гласови. Речиси во сите општини сме во предност. Во Дебар 2:1, во Струга повеќе од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. Во предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково... , изјави Адеми.

Проценките на коалицијата се дека ќе имаат над 20 пратенички мандати



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2024 21:12