Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се соочува со нови проблеми во клубот, откако слабите резултати оваа сезона кулминираа со минатонеделниот пораз во Премиер лигата.

Според весникот „Дејли мејл“, фудбалерите најавиле бојкот на својот тренер по поразот во 36. Премиерлигашко коло од Кристал Палас со 0:4.

Весникот тврди дека фудбалерите одбиваат да ги следат упатствата на тренерот, што дополнително го поткопува авторитетот на 54-годишниот холандски стратег.

На две кола до крајот на сезоната, Манчестер Јунајтед е на седмото место во табелата во Премиер лигата со 54 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2024 13:35