По двајца фудбалери од Манчестер сити и Арсенал, и по еден од Ливерпул, Астон Вила, Њукасл и Челзи се најдоа на листата номинирани за наградата „играч на сезоната“ која денеска ја објави Премиер лигата.

Меѓу номинираните од актуелниот шампион Манчестер сити се ланскиот добитник на наградата Ерлинг Халанд и неговиот клупски колега Фил Фоден.

Арсенал го претставуваат капитенот Мартин Одегард, како и новото засилување Деклан Рајс.

За престижната награда конкурираат и играчот од средниот ред на Челзи, Кол Палмер, како и Александер Исак од Њукасл и Оли Воткинс од Астон Вила.

Последен во потесниот круг за наградата е централниот бек на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој беше прогласен за најдобар играч во сезоната 2018/19.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2024 14:43