Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува Евровизија, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе.

Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“.

Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца.

Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 05:32