Евровизискиот домаќин - Шведска ќе го отвори евровизиското финале што ќе се одржи утревечер, а Австрија ќе го затвори годинешниот музички натпревар.

Дваесет и шест песни ќе се натпреваруваат на сцената во Малме, а најголеми шанси за победа во моментов, според обложувалници на интернет, имаат песните на Хрватска, Израел, Швајцарија, Ирска и Франција.

Најгледан евровизиски настап моментално е тој на Ирска со над 4.229.000 прегледи на „Јутјуб“. Потоа следува настапот на Хрватска со повеќе од 4.218.000 прегледи



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 13:11