Италијанскиот репрезентативец Николо Барела се согласил да го обнови договорот со Интер до 2029 година, објави денеска весникот „Газета дело спорт“.

Според новите услови на договорот, Барела ќе стане најплатен Италијанец во Серија А. Играчот од средниот ред ќе заработува 6,5 милиони евра годишно плус различни бонуси со кои износот ќе надмине седум милиони евра.

Досега најскапо платени италијански фудбалери во Серија А се соиграчот на Барела, Алесандро Бастони (5,5 милиони евра) и Федерико Киеза од Јувентус (пет милиони евра).

Во наредните денови се очекува Интер да го продолжи договорот и со тренерот Симоне Инзаги.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 13:12