Лидерот на ХДЗ и премиер на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ му врачи 78 потписи за добивање мандат за формирање нова извршна власт по парламентарните избори одржани на 17 април.
Владата на Хрватска ќе ја формираат ХДЗ и Движењето Татковина со поддршка на двајца пратеници од малцинските партии и пратеничката Весна Вучемиловиќ, која ги напушти суверенистите за да ја поддржи Владата на Пленковиќ.
Вучемиловиќ е сестра на основачот на Движењето Татковина, хрватскиот поп пејач Мирослав Шкоро, кој по недоразбирање во тоа движење престана да се занимава со политика на високо ниво. Во новата хрватска Влада, за разлика од претходните два мандата, нема да биде Независната демократска српска партија (СДС С) на Милорад Пуповац, што беше експресно барање на Татковинското движење на Иван Пенава, градоначалник на Вуковар и поранешен член на ХДЗ