Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Србија, ја повторил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со неговиот нов српски колега Марко Џуриќ на кој му честитал за преземањето на функцијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР преку платформата Икс соопштија дека двајцата министри за надворешни работи ги потврдиле и „историските блиски и пријателски врски меѓу Грција и Србија“, разговарале за прославите за 145-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи и актуелните регионални случувања.

Паралелно, се согласиле да се сретнат што е можно поскоро.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 14:54