Тимот на Комо одигра нерешено 1:1 синоќа со Козенца во натпревар од 38. коло на италијанската втора фудбалска лига.

Благодарение на ова реми, тимот, чиј тренер е поранешниот играч од средниот ред на Шпанија, Сеск Фабрегас, го зазеде второто место во поредокот во Серија Б и се пласираше во Серија А следната сезона.

Претходно, Парма, која како првопласирана избори учество во најсилното италијанско фудбалско првенство.

Венеција и Кремонезе ги зазедоа третото и четвртото место и стигнаа до полуфинале во плејофот. Катанцаро, Палермо, Сампдорија и Бреша ги заземаа 5-8. места и ќе играат во четвртфинале од плејофот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2024 16:13