Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо би можел седне на тренерското место во Фенербахче.

Според „Сабах“, клубот од Истанбул бара замена за актуелниот тренер Исмаил Картал и е заинтересиран за Португалецот. Забележано е дека Мурињо „топло реагирал“ на понудата на Фенербахче.

Последната работа на Жозе беше во Рома, од која доби отказ во јануари.

Претходно во текот на својата кариера, трофејниот Мурињо ги предводеше Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Униао де Леира и Бенфика.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2024 21:22