Со чисти 3:0 во победи над ТФТ, актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром избори финале во кошаркарскиот плејоф во домашното првенство.

Аеродромци вечерва во СРЦ „Кале“ како гости славеа над градскито ривал ТФТ со резултат 72:58 и експресно ја завршија полуфиналната серија.

Најефикасни во победничкиот тим беа Баковиќ со 14 поени, Делалиќ, Војдан и Дамјан Стојановски имаа по 10.

Кај домаќините се истакна Хотон со 14 поени и 17 скокови.

Противник на „сино-белите“ од Аеродром во борбата за шампионскиот трофеј ќе биде поуспешниот од пресметката Пелистер – Работнички. По три натпревари резултатот е 2:1 за Пелистер. Битолчани по три дена ќе бидат домаќини на четвртиот меч и со победа ќе си обезбедат финале



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2024 21:57