Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, призна дека очекувал пад на тимот по тројната круна.
Вчера „Граѓаните“ го победија Фулам на гостински терен (4:0) во 37. коло од Премиер лигата.
- Го чувствуваме притисокот, разбираме дека ако ремизираме или загубиме, се ќе биде готово. Разбираме што треба да правиме на секој натпревар. Не мислев дека ќе бидеме на оваа позиција по минатогодишната тројна круна. Мислев дека ќе се откажеме, но испадна сосема спротивното, изјави Гвардиола, за „beIN Sports“.
Во англиското фудбалско првенство води Манчестер сити со 85 бодови. Тимот на Гвардиола со сигурност ќе стане шампион доколку ги победи Тотенхем и Вест Хем во последните две средби.
Ривалот за трофејот Арсенал заостанува два бода.