Тренерот на Лајпциг, Марко Росе ќе го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.
Според него, 47-годишниот Германец ќе потпише договор до 2026 година со можност за продолжување на уште една сезона.
Росе е на чело на Лајпциг од летото 2022 година. Заедно со тимот го освои Купот и Суперкупот на Германија.
За Лајпциг настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас.
На едно коло пред крајот на сезоната во Бундеслигата, Лајпциг е четвртопласиран со обезбедено место во Лигата на шампионите следната сезона.