Раководството на Пари Сен Жермен не планира свечена церемонија за напаѓачот Килијан Мбапе, на неговиот последен домашен меч за клубот

Мбапе најави преселба во Реал Мадрид.ќ

Според „Le Parisien“ ПСЖ бил изненаден од изјавата на фудбалерот, кој својата одлука да го напушти францускиот клуб ја соопшти на 10 мај.

Во видео порака, Мбапе изјави дека мечот со Тулуз од француското првенство ќе биде негов последен домашен натпревар на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ одби свеченост со објаснување дека остана премалку време за подготовка на настанот. Освен тоа Мбапе не е во добар однос со претседателот на клубот Насер ал-Келаифи.

Можно е ПСЖ да одржи мала церемонија пред финалниот натпревар од Купот на Франција со Лион.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2024 16:26