Денвер нагетс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс на гостински терен во четвртиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со резултат 115:107.

Најефикасен кошаркар на паркетот беше Ентони Едвардс, кој постигна 44 поени, но и тоа не беше доволно Минесота да го избегне поразот.

Кај Нагетс, центарот Никола Јокиќ постигна 35 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2:2.

Следниот натпревар ќе се одигра на 15 мај на теренот на Денвер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 14:43