Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги коментираше информациите дека би можел да го замени Ерик тен Хег во Манчестер јунајтед.

- Несоодветно е да се зборува за ова. Немав никакви преговори. Има една работа на која треба да се фокусирам, успехот на Англија на Европското првенство, ги цитира „Телеграф“ зборовите на англискито селектор.

На 7 мај, „Фут Меркато“ објави дека Саутгејт е главен кандидат за позицијата главен тренер на Манчестер јунајтед.

На едно коло пред крајот на сезоната во Премиер лигата, Манчестер јунајтед се наоѓа на 8. место, далеку од очекувањата на раководството и навивачите



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 15:14