Недостигот на работна сила во индустријата за облека и обувки, како и во туризмот ја натера албанската Влада да преземе дополнителни мерки за да гарантира непречено функционирање на овие бизниси.

За да ги задоволи овие потреби, извршната власт е во завршна фаза на потпишување договор за увоз на квалификувани работници од странство.

Во меѓувреме, се дознава дека од овој договор се очекува во Албанија да пристигнат околу 40.000 квалификувани работници од Филипините.

- Договорот се очекува да биде одобрен во јуни од албанската Влада. Од овие вработени, 15.000 од нив се очекува да бидат вработени во преработувачкиот сектор, додека останатите ќе бидат вработени во туризмот и другите сектори од економијата погодени од кризата од недостиг на домашна работна сила, изјаво генералниот директор за вработување и стручно образование во Министерството за економија, Албин Гега.

Филипините се избрани бидејќи е земја за чии државјани Албанија не служела како транзит за илегални имигранти во западните земји



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2024 15:59